169
САД го обвинија поранешниот американски марински пилот Даниел Дуган дека незаконски им давал на кинеските пилоти „воена обука“ и добил повеќе од 100.000 долари за да ги научи како да слетуваат на носачи на авиони, пишува Гардијан.
Во обвинението, поднесено во американската област Колумбија, се наведува дека натурализираниот Австралиец примил 12 исплати од 9.900 или 9.500 долари, а во сметките било наведено дека основата е „обука со цел личен развој“.
Се вели дека плаќањата ги извршила неименувана компанија со седиште во Кина, која, според американската влада, „набавува воена опрема и технички податоци за владата и војската на Народна Република Кина“.