Воената хунта во Мјанмар ослободи 2.153 затвореници

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Воените власти во Мјанмар денеска ја објавија одлуката за амнестија на 2.153 затвореници осудени за несогласување со режимот.

Одлуката за амнестија е донесена по повод будистички фестивал.

„Војската ослободи 2.153 затвореници кои отслужуваат казна според член 505(а)“, се вели во соопштението на воените власти. Ова е член од законот кој често се користи против новинари или активисти во Мјанмар.

Контроверзниот закон, на кој се повикаа воените власти по државниот удар во февруари 2021 година, предвидува казна затвор до три години.

Слични содржини