Воениот рок во Хрватска ќе трае два месеци

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Вицепремиерот на Хрватска и министер за одбрана, Иван Анушиќ изјави дека воениот рок кој во оваа земја се враќа како обврска од 1 јануари следната година ќе трае два месеци, а на тема финансирање вели дека безбедноста не дозволува заштеди.

„Воениот рок ќе трае два месеци, почнува на 1 јануари 2025 година и едноставно продолжуваме да правиме се што сме соопштиле пред јавноста. Ги зголемивме платите на војниците, подофицерите и офицерите, нивните материјални права, не само преку личниот доход туку и преку дневниците и сето она што им следува“, изјави Анушиќ за хрватски РТЛ.

Во 2008 година, Хрватска привремено го прекина задолжителната воена служба и оттогаш таа е доброволна.

Слични содржини