„Вог“ го тужи Дрејк: Ана Винтур бара милиони за копирање на насловната страница

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Раперот Дрејк пред неколку дена со својот колега 21 Savage објави нов албум наречен „Her Loss“. Тие користеа различни начини за промовирање на албумот, од кои еден неочекувано ги чинеше повеќе отколку што можеа да замислат.

Имено, дуото дизајнираше своја насловна страница која изгледа идентично како онаа за магазинот „Вог“, што воопшто не им се допадна на уредниците на познатиот магазин. Поради оваа причина тие поднеле тужба против Дрејк и неговиот колега, која раперот ќе го чини четири милиони долари.

Копиите од списанието набрзо станаа вирални на социјалните мрежи, постери беа поставени низ целиот Њујорк, а „вистинските“ списанија беа дистрибуирани во Мајами, Атланта и Лос Анџелес.

Во тужбата поднесена оваа недела, како што објави Page Six, стои дека Condé Nast, медиумската компанија која е сопственик на „Вог“, побара од Дрејк и неговиот тим да престанат со неовластена употреба на трговската марка „Вог“ и да престанат со секаква дистрибуција на лажните списанија.

На некои страници во списанието може да се најдат и фотографии од глобалната уредничка, директорката на магазинот, Ана Винтур, која не дала официјална дозвола за тоа.

Слични содржини