Војаж упати емотивна порака по повод ужасното злосторство во Градачац

од Stefanija Kuzmanovska
355 прегледи

Целата јавност во регионот е шокирана од страшното злосторство што се случи во босанскиот град Градачац.

Имено, Нермин Сулејмановиќ ја убил својата партнерка и уште две лица, по што се самоубил.

Додека го извршувал страшниот чин, Сулејмановиќ снимал и се пренесувал во живо на Инстаграм.

По овој повод се огласи и раперот Михајло Веруовиќ Војаж кој ја репостира објавата на ожалостениот народ во Градачац.

„Жена, сопруга, мајка. Убиена затоа што пријавила насилство! Градачац, 08.11.2023 година“, стои во описот на сторито на Инстаграм на раперот.

Слични содржини