Пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов пред извесен период на својот Фејсбук, профил напиша дека неговиот колега од Левица Димитар Апасиев добивал станови од ВМРО-ДПМНЕ, дека добивал хонорари од СЈО, а „вие чекате тој да направи нешто согласно неговите можности како пратеник во Парламентот за да ги подобри условите за живот на сите…“. Поради оваа причина Апасиев преку побара извинување од Костадинов, а доколку тоа не се случи во рок од 48 часа, најавува пријава за тужба против него.
– Денес, од портпаролот на СДС на Нашата Земја – Костадин Костадинов, кој е и мој колега во Собранието на РМ, побарав повлекување на клеветничката изјава дека наводно ВМРО-ДПМНЕ ми го купил станот.p.s. Коки, имаш 48 часа да се извиниш, друже – во спротивно тврдењето ќе треба да го докажеш пред суд. , пишува во документот што го објави Апасиев.
Костадинов му реплицираше преку објава на неговиот твитер-профил:
„Денес, после барањето од колегата Димче Апасиев да му се извинам, сакам да му препорачам малку да излезе на воздух и да се прошета. пс.Димче нема да биде лошо да почнеш да доаѓаш на работа во Парламент, за што всушност земаш плата.“