Војна на улиците на Воронеж: Одекнуваат експлозии, „Вагнер“ го окупира аеродромот, Русите возвраќаат! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
550 прегледи

„Еден од конвоите на Вагнер беше нападнат во близина на Воронеж. Граѓанската војна официјално започна“, ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи на својот профил на Твитер наводната порака од Телеграм групата на Вагнер.

Во својата кампања, платениците на Евгениј Пригожин го зазедоа Ростов на Дон, по што Русија воведе антитерористички мерки. Во градовите сега наводно се водат улични борби, одекнуваат експлозии, а „Вагнер“ тргнале да го окупираат аеродромот.

Шефот на руските платеници Евгениј Пригожин ги обвини руските власти за намерно убивање на неговите борци и најави државен удар против военото раководство.

Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на нацијата и рече дека ова е чин на предавство и дека Русија ќе се брани.

„Ова е еквивалентно на вооружен бунт. Се бориме за животот и безбедноста на нашите граѓани и за нашиот територијален интегритет. Ова е предавство“, рече Путин во обраќањето до јавноста.

Во меѓувреме, групата „Вагнер“ го зазедоа градот Ростов, каде што сега наводно се водат улични борби. Како што јави белоруската агенција Nexta, во Воронеж дошло до силна експлозија, а „вагнерците“ наводно почнале да го окупираат аеродромот.

Во Ростов медиумите јавуваат дека веќе започнале уличните борби.

Вагнер утринава го окупира Ростов, а руската армија испрати антитерористички единици, чија цел е „запирање на предавничките активности“.

Во исто време, некои канали на Телеграм објавија дека руски авиони ги бомбардирале складиштата за гориво во Воронеж, кои се под контрола на „Вагнер“, со цел да возвратат и да го запрат нивното напредување.

Слични содржини