50
Војната во Украина може да стане „Авганистан на Европската унија“, а официјален Киев погрешно ги разбрал намерите на Западот и порано или подоцна ќе остане без поддршка, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за американска телевизија.
Според него, војната во Украина е исцрпувачки, скап и безнадежен ангажман, изјави Орбан за американскиот водител на Fox News, Такер Карлсон во Дубаи.
Орбан потсети дека ЕУ инвестирала стотици милијарди евра за да и помогне на Украина да се спротивстави на руската инвазија.