Војната во Украина во фокусот на состанокот на Г-20

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Индонезија денеска ги повика членките на Г-20 да помогнат да се стави крај на војната во Украина, на самитот на министрите за надворешни работи на групата, каде што во иста просторија беа некои од најжестоките критичари на руската инвазија и првиот дипломат на Москва.

На состанокот, на индонезискиот остров Бали, доминираше војната и нејзиното влијание врз глобалната економија, а највисоките претставници на западните земји и Јапонија нагласија форумот нема да биде „како што вообичаено бил“.

Според агендата на самитот, денеска ќе се одржи состанок зад затворени врати на највисоките дипломати на земјите од Г-20, меѓу кои Кина, Индија, САД, Бразил, Канада, Јапонија, Јужна Африка, како и билатерални разговори на маргините на средбата.

Се очекува на средбата да се обрати и украинскиот министер за надворешни работи преку видео врска.

Слични содржини