Војник на Бундесверот уби четири лица, меѓу кои и едно дете

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Припадник на германските вооружени сили уби неколку лица во Шесел, во областа Ротенбург, соопшти полицијата.

Според германскиот магазин „Билд“, животот го загубиле четири лица, меѓу кои и едно дете.

Војникот на Бундесверот и се предал на полицијата и бил уапсен.

Неговиот мотив се уште не е познат, а полицијата се сомнева дека се работи за семејно насилство.

Слични содржини