Војската е вклучена во контролата на локдаунот во Сиднеј

од Nikola Popovski
329 прегледи

Австралиските власти ќе испратат војници на улиците во Сиднеј од понеделник за да помогнат во спроведувањето на локдаунот, воведен поради брзо растечкиот број на новозаразени со делта сојот на коронавирус.

Од јуни, речиси 3.000 луѓе се заразени, а деветмина починаа. Во петокот беа регистрирани 170 нови случаи на инфекција, и покрај карантинот што трае веќе пет недели.

Сепак, многумина сметаат дека испраќањето војска за борба против коронавирусот е непотребно.

Имено, заклучувањето е во сила во Сиднеј најмалку до 28 август. На луѓето им е забрането да ги напуштаат своите домови, освен ако не станува збор за пазарење, давање помош на загрозените и други итни причини.

За време на викендот, војниците ќе поминат обука, а во понеделник ќе бидат распоредени во патроли и заедно со полицијата ќе ги контролираат мерките како што е забрана за возење надвор од радиус од 10 километри од адресата на живеење.

Министерот за полиција Дејвид Елиот рече дека армијата била ангажирана поради групи луѓе кои мислат дека „правилата не важат за нив“.

Ширењето на инфекцијата инаку е поврзано со големи семејства кои живеат во посиромашните и етнички разновидни предградија на Сиднеј.

Критичарите тврдат дека полициските мерки на тие локации се веќе построги отколку во остатокот од градот.

Слични содржини