Војвотката од Јорк открива зошто верува дека покојната кралица Елизабета сè уште ѝ зборува

од Марта Пешевска
108 прегледи

Војвотката од Јорк, Сара Фергусон, изјави дека верува оти покојната кралица Елизабета Втора и натаму ѝ испраќа пораки – преку лаењето на нејзините сакани корги. На настан во Лондон, посветен на креативни жени, Сара раскажа дека секое утро нејзините кучиња – Муик и Сенди – ѝ лаат на специфичен начин, за кој таа верува дека е знак од кралицата. „Ги имам нејзините кучиња, нејзините корги. Секое утро доаѓаат и велат „вуф вуф“ и сè тоа, и сигурна сум дека тоа е таа што ми зборува – ме потсетува дека сè уште е тука“, рече таа.

Муик и Сенди беа последните миленичиња на кралицата Елизабета. Откако таа почина во 2022 година, кучињата беа посвоени од Сара и нејзиниот поранешен сопруг, принцот Ендру. Тие денес живеат во Кралската ложа во Виндзор. Љубовта меѓу кралицата и нејзините корги била длабока. Во текот на животот, кралицата чувала над 30 корги и „дорги“ – мешавина од корги и дакел – од кои многу биле потомци на Сузан, куче што го добила на подарок од своите родители за 18-тиот роденден во 1944 година. Толку ѝ била драга Сузан, што ја понела и на својот меден месец.

Во интервју во 2023 година, Сара Фергусон откри и дека Муик длабоко тагувал по смртта на кралицата, додавајќи дека му требала речиси цела година да се прилагоди на загубата. Инаку, ова не е првпат војвотката од Јорк да ја истакне својата блиска поврзаност со покојниот монарх. Покрај духовната врска што ја чувствува преку кучињата, таа и физички се грижела за нив по заминувањето на кралицата.

Сара Фергусон во 2022 година го посети и Вуковар, а фотографии од таа посета може да се најдат на интернет.