Волберг со крст на чело: Религијата не е популарна во Холивуд

од Nikola Popovski
153 прегледи

Актерот Марк Волберг верува дека религијата не е популарна во Холивуд и решен е преку свој пример е да покаже дека може да биде поинаку.

Познатиот холивудски актер е верник, а минатата недела, беше гостин во едно шоу со нацртан крст на чело. Ова е обичај која се практикува на првиот ден од Големиот пост, позната кај католиците како „Пепелова среда“ кога верниците посипуваат пепел или, како Волберг, цртаат крст на челото.

Актерот вели дека не е цел да биде досаден некому со таа тема, туку дека не сака да негира дека е верник.

„Знаете, не е популарно во мојата индустрија, но не можам да ја негирам мојата вера. Важно ми е ја споделам со луѓе и различни религии и важно е да се истакне честа и почитта“, рекол актерот.

Тој, исто така, му се извинил на папата Франциск за време на средбата во 2015 година, поради пцовките што неговиот лик ги кажал во комедијата „Тед“.

Во 2022 година, Волберг беше продуцент и играше голема улога во филмот „Отец Стју“, вистинска приказна за аматерскиот боксер Стјуарт Лонг, кој стана католички свештеник.

Тој објасни дека на тој филм потрошил милиони долари од свои заштеди, иако не добил позитивни критики. На пример, има само 41 процент од позитивни оценки на веб -страницата „Rotten Tomatoes“.

Слични содржини