Симпатизерите на либанската терористичка организација Хезболах во Германија, таканаречените „волците самотници“ чие однесување е тешко да се предвиди и уште потешко да се контролира, би можеле да извршат тешки злосторства на насилство во земјата, предупреди денеска шефот на Федералната канцеларија за Заштита на уставниот поредок во Бремен, Торге Келер.
Во интервју за германскиот јавен сервис НДР, тој посочи дека војната на Блискиот Исток предизвикува „емотивизација“ на поддржувачите на Хезболах, што може да доведе до радикализација на поединци кои за разлика од досегашната практика можат да доведат до заклучок дека тие треба да дејствува во Германија или во други европски земји, објави Дојче веле.
Властите проценуваат дека во Германија има повеќе од 1.300 поддржувачи на Хезболах, кои се најмногу концентрирани во покраините Северна Рајна-Вестфалија и Долна Саксонија, како и во Хамбург и Берлин.