Волф: Антонели е фаворит за наследник на Хамилтон

од Vladimir Zorba
445 прегледи

Првиот човек на тимот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, ги пофали настапите на членот на академијата на германскиот тим, Кими Антонели, велејќи дека младиот ас е во пол-позиција да го заземе празното место.

Хамилтон ја искористи својата излезна клаузула и ќе го напушти Мерцедес на крајот од сезоната. Британецот ќе биде дел од тимот на Ферари од 2025 година, а медиумите шпекулираа дека неговиот голем ривал Фернандо Алонсо би можел да го наследи.

Двократниот светски шампион нема да биде меѓу сребрените стрели, бидејќи неодамна објави дека потпишал нов договор со Астон Мартин.

Андреа Кими Антонели е 17-годишен Италијанец кој вози во Формула 2 за Према. Претходно беше дел од регионалната европска Формула, а освои неколку титули, од кои најофицијални се оние во италијанската Формула 4, како и шампионатот ADAC Формула 4.

„Кими секако е многу добар кандидат. Антонели е дел од нашиот план за следната сезона и моментално е фаворит за испразнетото место“, изјави Волф за „Рејс“.

Антонели е во својата дебитантска сезона во Формула 2 и е на деветтото место со 24 поени, додека лидер е Зак Мелони со 62. Мерцедес закажа можност Кими да го тестира болидот од 2021 година – на 30 април на Имола.

Мерцедес го зазема четвртото место во конкуренција на конструктори со 35 бодови, додека Ред Бул е лидер со 141.

Формула 1 караванот се сели во Кина, каде од 19 до 21 април ќе се одржи тркачкиот викенд.

Слични содржини