Волфганг Ишингер: Веќе не станува збор за мигранти – ова е прашање на живот и смрт за Европа

од Vladimir Zorba
70 прегледи

 

Западот не треба да организира крстоносна војна против Блискиот Исток. Европската унија нема стратегија, но веќе не може да си дозволи да биде хартиен  тигар. Терористите сметаат дека тие се во состојба на војна со Западот. Но ние не сакаме да објавуваме воена состојба и да ги активираат нашите армии. Не сметам дека треба да се свртиме кон членовите од Договорот за НАТО, кои се однесуваат за колективната одбрана.

џихад

 

Терористичките напади се слични со спроведување на воени дејствија. И ние треба да се третираат тоа со потребната сериозност. Но објавувањето на војна на крајот ќе и  биде единствено и само од корист на “Исламска држава”: прашањето е во тоа дека токму таа сака да ја шири војната се подалеку во Европа, токму таа има намера да го подели нашето општество.

Како да реагира Западот?

Западот конечно треба да се избави од една страшна заблуда – од заблудата дека ние не треба 4519087 (1)да се мешаме во она што се случува во Сирија. Граѓанската војна започна таму пред 4 години. А ние во текот на овие четири години само муљавме. Башар Асад треба да си оди – овие зборови ги слушавме цело време. Но ние не направивме ништо за да се постигне оваа цел. Ниту Германија ниту останатите западни земји. Впрочем, меѓу другото и САД, исто така, каде што претседателот Барак Обама им помогна со  “црвена линија” само за да се откаже потоа од неа. Ние сметавме дека граѓанската војна во Сирија со нејзините стотици илјади жртви не  интересира во најдобар случај во морален однос. Но, денес оваа граѓанска војна дојде дома : заедно со милионите мигранти и заедно со откровенијата на  теророт. Ние изгубивме 4 години.

Аморален  компромис во името на морално повисоката цел

Во морален и политички план е важно и правилно да се избавиме од масовниот убиец Башар Асад. Но, тоа може да биде само во  втор план. Кон овој непријатен морален проблем ние треба да им пријдеме  од позициите на реалполитиката.

Да, ние треба да  го направиме овој аморален  компромис во името на повисоката морална цел. Бидејќи во моментов е потребно да водиме борба со т.н. “Исламска држава” и да ставиме крај на граѓанската војна во Сирија. Минатата недела во Виена по втор пат се собраа министрите за надворешни работи на 17 земји. Постепено почна да се исцртуваат контурите на заедничка стратегија. Впрочем, токму САД ја презедоа оваа иницијатива, а не Европа за жал. Европа повторно ја зазеде чекалната како  позиција, иако е упорна во  барања на министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.

Улогата на Русија

Со својата интервенција претседателот Владимир Путин го  става Западот во положба на цугцванг. Но и од руска страна се забележува одредена подготвеност да дејствува заедно со Западот. Гледам одредена можност огромната бездна помеѓу Русија и Западот да биде намалена. Путин, како што изгледа, во моментов ги  дели приоритетите: прво, заеднички фронт за борба против “Исламска држава”, но паралелно со тоа подготовка за избори – политичко нов почеток за Сирија. Русија би  го сакала режимот на Асад како последен фактор за стабилност да се задржи барем делумно. При тоа личноста на Асад нема големо значење. Овој руски предлог не треба да се отстапува само затоа што доаѓа од Москва.

Општи дејствија против “Исламска држава”

Воздушните напади не се доволни. Сами по себе воените дејствија не треба да се табу. И Германија не може и не треба да остане настрана. И тука до неодамна како табу се гледаа разговорите за безбедносни зони за сириското население. Тоа се области каде Сиријците ќе можат да најдат безбедност и засолниште од бандите со насилници на “Исламска држава. Тие имаат потреба од заштита како по воздух, така и по земја. Но германски војници не треба да бидат испратени. Западот не треба да организира крстоносна војна на Блискиот Исток. Арапските земји во рамките на мандатот на ОН можат да создадат копнени сили, кои треба да добијат голема поддршка од Запад.

Неактивноста на ЕУ

Ние воздивнавме  со олеснување кога САД и Велика Британија во 2011 се откажаа од воена интервенција во Сирија. Ние се радувавме тогаш дека тоа ни помина. Но сега времето е речиси изгубено. Со конференции и говори работите нема да се подобрат. Во Европскиот совет разговаравме за причините за појавата на миграцискиот  поток. Но, она што беше направено?-  е едно голено НИШТО.

Европската унија нема оправдана стратегија за Сирија. Но, тоа е најглавното. Поминаа времињата кога ЕУ можеше да се дозволи да биде тигар од хартија. Одамна требаше да се разбудат. Сега веќе не станува збор само за мигранти – за нас ова е прашање на живот и смрт.

————————————

Волфганг Ишингер е еден од најдобрите специјалисти во областа на светската надворешна и внатрешна политика во сферата на безбедноста. Тој беше амбасадор на Германија во Вашингтон и Лондон. Од 2008 година ја предводи Минхенската конференција за безбедност, а од 2015 година раководи со комисијата на ОБСЕ за прашањата на европската безбедност. Неговото интервју е објавено во “Штерн”.