Volkswagen го прекина производството во фабриката во Кина поради ограничувањата за Ковид

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Германскиот производител на автомобили Volkswagen привремено го запре производството во својата фабрика во кинескиот град Ченгду поради порастот на бројот на случаи на ковид-19 во Кина и ограничувањата, јавуваат германските медиуми.

Поради пандемијата, суспендирани се и две производствени линии во фабриката на Volkswagen во градот Чангчун. Производството ќе продолжи во другите фабрики на Volkswagen во Кина.

Германските медиуми тврдат дека може да има краткорочни промени во начинот на работа на фабриките на Volkswagen во Кина поради најновата ситуација поврзана со пандемијата на Ковид-19.

Кина денеска објави рекордна стапка на заразени со Ковид-19, по викендот обележан со протести низ целата земја поради рестриктивните мерки. Кина објави нов дневен рекорд од 40.052 локални случаи во понеделникот, од 39.506 претходниот ден.

Слични содржини