Volkswagen го реструктуира секторот за одржливост

од Vladimir Zorba

Германскиот производител на автомобили Volkswagen (VW) објави дека ја реструктуира својата единица за одржливост. Од компанијата велат дека Дирк Восте ќе стане нов директор на одделот за одржливост.

Восте на таа функција ќе го наследи Ралф Фицнер, кој по пет години на таа позиција самоиницијативно ја напушта компанијата, за да продолжи со нови предизвици надвор од компанијата, пренесува SEEbiz.

Од компанијата најавија и дека ќе има реорганизација на независниот совет за одржливост, каде фокусот ќе биде ставен на дигиталната и одржлива трансформација.

Се нагласува дека Восте, кој има повеќе од 20 години искуство во областа на корпоративната одржливост, ќе го преструктуира овој сектор.

„Климатските промени се еден од најголемите предизвици на нашето време. Тие се причината поради која континуирано ја подобруваме трансформацијата на групацијата Volkswagen и заземаме холистички пристап кон одржливоста, опфаќајќи ги економските, еколошките и социјалните аспекти“, рече извршниот директор на компанијата, Оливер Блуме.

Тој нагласи дека компанијата „поставува амбициозни“ еколошки, социјални и управувачки цели (ESG) во сите сегменти.

Слични содржини