Во првата половина од тековната година германскиот автомобилски концерн Volkswagen ја зголеми оданочената добивка за повеќе од четвртина, на 10,6 милијарди евра..
Проблемите на пазарот на чипови и затворањето поради коронавирусот во Кина не го спречија германскиот гигант да постигне одлични деловни резултати. Сепак, само во вториот квартал вкупните приходи се намалија за повеќе од 22 отсто токму поради затворањето на најважниот азиски пазар. Интересно е што во истиот период продажбата на електрични автомобили продолжи да расте.
Арно Антлиц, финансиски директор на Volkswagen AG, истакна дека Volkswagen „покажал значителна финансиска отпорност наспроти невидените глобални предизвици“.
„Сепак, сè уште не е можно дефинитивно да се проценат конкретните влијанија на случувањата во Украина или пандемијата на Ковид 19 врз бизнисот, глобалната економија и растот на индустријата во финансиската 2022 година“. – изјави Антлиц.