На почетокот на оваа година, Volkswagen ја прослави 20-годишнината од својот оддел R Performance, а по тој повод беше направен и специјалниот Golf R 20 Years Edition, најмоќниот фабрички Golf досега.
„Специјалниот“ е базиран на стандардниот Golf R, но тука 2.0-литарскиот турбо мотор е зголемен на 333 КС. Моторот е поврзан со седумстепен менувач со двојна спојка, а има и погон на четири тркала. Забрзувањето до 100 km/h трае 4,6 секунди и може да биде ограничен до 270 km/h.
Сега Volkswagen објави дека Golf R 20 Years Edition го подобри тековното време на Golf R во Нирбургринг за четири секунди, бидејќи ја помина легендарната патека за 7:47,31 минути (20.832 км верзија на патеката).
Овој модел, исто така, располага со спортски издувен систем од титаниум Akrapovic, модифициран менувач DSG за да даде „забележителен повратен одговор на промената на брзината“, Lapiz Blue или бела боја за надворешноста, 19-инчни Estoril алуминиумски тркала (исто така достапни во сјајна црна боја), Michelin Pilot Sport Cup 2 гуми, ретровизори во контрастна боја на остатокот од возилото (сина на бели автомобили, црна на сини автомобили), ознака „20“ на вратите, внатрешни детали од карбонски влакна, како и сино лого „R“ на воланот.
Треба да се напомене дека Golf R 20 Years Edition ќе биде достапен за нарачка само ограничено време.