211
Електрификацијата е еден од стратешките приоритети на Volkswagen, па не е чудно да се слушне дека концернот заедно со некои партнери ќе инвестира дури 20 милијарди евра во индустријата за производство на батерии.
Со ова, тие сакаат да заземат водечка позиција на пазарот за електрификација за мобилност во развој и да се ослободат од нивната зависност од Азија.
Така тие почнаа да ја градат својата прва фабрика за батерии во Европа во Салцгитер, Германија. Досега мотори со внатрешно согорување се произведуваа во соседна фабрика на истата локација.
Производството на батерии ќе мора да биде поевтино. Во новата фабрика на Volkswagen во Салцгитер, која се уште е во изградба, ја стартуваа линијата на прототипови.