Volkswagen инвестира една милијарда евра во Јужна Америка

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот производител на автомобили Volkswagen најави дека до 2026 година ќе инвестира една милијарда евра во Јужна Америка како дел од напорите да постигне значителен раст во регионот.

Се очекува јужноамериканскиот автомобилски пазар да расте за 11 проценти годишно до 2030 година, што го прави еден од најбрзо растечките пазари во светот, пренесува „Мина“.

До 2027 година главниот производител на автомобили планира зголемување од 40 отсто во Бразил, најголемиот пазар во регионот, пишува SEEbiz.

Компанијата очекува дека трансформацијата кон чисти е-погони во Бразил ќе биде помалку динамична отколку во Европа, вкупниот удел на електрични возила со чиста батерија (BEV) во 2033 година на бразилскиот пазар се проценува на околу четири проценти.

Сепак, Volkswagen има намера да расте побрзо од пазарот во сегментот BEV.

Сè додека пазарот не биде целосно електрифициран, Volkswagen ќе се потпира на алтернативни погонски единици.

На пример, сите нови модели произведени во регионот сепак ќе можат да работат на 100 отсто биогориво.

Volkswagen е најголемиот производител на автомобили, кој за 70 години произведе вкупно 25 милиони возила во Бразил, од кои четири милиони се извезени.

Во четири фабрики компанијата произведува модели Polo, Virtus, Nivus, Taos и T-Cross.

Слични содржини