Германскиот производител на автомобили работи на нови горивни ќелии кои, наводно, се многу поевтини од оние кои моментално се на пазарот, дозволувајќи им на автомобилите со водород да поминат до 2.000 километри со еден резервоар.
Како што пишува „Јутарњи“, Volkswagen неодамна поднел барање за регистрација на патент, што претставува пресврт во односот што Volkswagen вообичаено го има кон водородот – донекаде песимистички.
Во мај 2022 година, извршниот директор на германскиот производител Херберт Дис го негираше потенцијалот на водородот како извор на енергија за електричните автомобили во твит велејќи: „Се покажа дека автомобилот со водород не е решение за климатскиот проблем. Електрификацијата го завладеа сообраќајот. Лажните дискусии се губење време. Ве молиме слушајте ја науката“.
Иако новиот патент е побаран заедно со VW, од Kraftwerk уверуваат дека не работи исклучиво за брендот. „Без разлика на производителот, нашата цел е нашата технологија да биде лансирана во сериско возило до 2026 година. Тоа е серија од околу 10.000 возила, дистрибуирани меѓу неколку производители на автомобили“, рече Саша Кун, извршен директор на Kraftwerk.
Водородните горивни ќелии се способни сами да генерираат електрична енергија, за разлика од начинот на кој огромните батерии на електричните автомобили ја акумулираат електричната енергија што се ослободува како што му е потребно на возилото.