Volkswagen објави 3 клучни партнерства за зголемување на производството на електрични возила

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Volkswagen планира да произведува само возила со нулта емисија до 2040 година. Компанијата пред неколку часа објави три клучни партнерства поврзани со производство на батерии за електрични возила, пишува Yahoo Finance.

Еден договор е со белгиската компанија Umicore, која е специјализирана за развој на чисти технологии, рециклирање и батерии за електрични возила. Другите партнерства се со 24M Technologies и Vulcan Energy Resources.

Заедничкото вложување на Volkswagen со Umicore обезбедува на европските фабрики на производителот на автомобили клучни елементи на литиум-јонските батерии. Заедничкото вложување ќе има почетен производствен капацитет од 20 гигават часови и ќе се зголеми на 160 гигават часови до 2030 година.

Произведените материјали ќе одат во планираната гигафабрика на VW во Салцгитер, Германија.

Volkswagen најави и дека инвестира во производство на батерии, но не ја откри висината на својата инвестиција.

Сите три договори се дел од големиот план на VW да инвестира 30 милијарди евра во производство на електрични возила. Само во Европа, Volkswagen до крајот на деценијата ќе изгради шест гига фабрики за батерии.

На почетокот на овој месец, General Motors, исто така, објави планови за заедничко вложување со јужнокорејската POSCO Chemical за изградба на нов објект во Северна Америка до 2024 година.

Слични содржини