Според последните информации од добро упатени извори, Volkswagen ги произведува последните (претходно нарачани) примероци од спортската верзија на up моделот! кој се крие зад ознаката GTI, а симпатичниот потсетник на првиот Golf GTI веќе не може да се нарача.
Volkswagen премиерно го претстави спортското издание на моделот од А-сегмент пред четири години, а лесниот и пргав up! GTI со себе донесе трицилиндричен турбо бензинец кој развива 115 коњски сили и 200 Nm вртежен момент, што е доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 8,8 секунди и максимум од 196 km/h.
Она што нема да им се допадне на љубителите на малите спортски автомобили е информацијата според која поголемиот Polo GTI наскоро би можел да биде пензиониран, а во тој случај ниту VW нема да му подготви наследник.