Volkswagen привремено го прекинува производството на својот најпопуларен модел

од Vladimir Zorba
339 прегледи

Германскиот производител Volkswagen е принуден привремено да го прекине производството на својот најпродаван модел T-Roc, а причината е недостигот на делови предизвикан од поплавите во Словенија.

Според официјалните продажни резултати, Volkswagen T-Roc не само што е најпродаваниот автомобил на германската компанија на европскиот пазар, туку и еден од најпопуларните автомобили во Европа воопшто.

Со оглед на тој факт, сосема е јасно дека челниците на Volkswagen не се премногу среќни што привремено мораа да го прекинат производството на T-Roc во фабриката Autoeuropa лоцирана во португалскиот град Сетубал.

Според германската агенција ДПА, причина за прекинот на производството е недостатокот на делови за моторот. Оваа агенција доби интерен меморандум испратен до работниците во фабрика во близина на Лисабон. Компактниот кросовер T-Roc, кој е достапен и како кабриолет, нема да се произведува неколку недели, почнувајќи од првата половина на септември.

Volkswagen произведе 231.000 примероци од T-Roc минатата година, а шпионските фотографии открија дека втората генерација е подложена на опсежни тестирања. Производителот од Волфсбург веќе најави дека T-Roc ќе биде меѓу последните нови автомобили кои ќе се нудат со мотори со внатрешно согорување.

ДПА смета дека ќе биде загрозено и производството на други модели поради недостигот на компоненти на моторот. Се верува дека поплавите во Словенија го погодија добавувачот што произведува делови за T-Roc. Со оглед на тоа што овој кросовер од C-сегментот ја дели MQB платформата со многу други возила на Volkswagen, постои ризик истата судбина да го снајде и производството на други автомобили.

Слични содржини