Volkswagen се шири во Кина: Ќе инвестираат 2,5 милијарди евра

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Volkswagen ќе инвестира 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот и иновациски центар во кинескиот град Хефеи.

Центарот во Хефеи ќе и помогне на компанијата да донесе технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведе повеќе електрични возила, рече Ралф Брандштатер, член на управниот одбор на групацијата Volkswagen за Кина.

Volkswagen се подготвува да произведе два модела од марката Volkswagen во Кина, кои ги развива во соработка со кинескиот партнер XPENG, соопштија вчера, додавајќи дека производството треба да започне во 2026 година.

На крајот на 2022 година, Volkswagen ја загуби „титулата“ на најпродавана марка на автомобили во Кина, која ја узурпира домашниот производител на електрични возила BYD.

Германската компанија најави голем број нови модели во електрификацијата на кинеското портфолио со цел да го врати изгубениот удел на најголемиот автомобилски пазар во светот.

Слични содржини