Компанијата Volkswagen Group во Кина затвори две фабрики.
Имено, компанијата ја затвори фабриката во Тијанџин, со која управува заедно со кинеската групација FAW, како и фабриката за компоненти, сето тоа поради избувнувањето на епидемијата на Ковид 19 во тој град.
– Поради новото избивање на епидемијата Ковид 19, фабриката за возила FAW-VW и фабриката за компоненти на Volkswagen за автоматски менувачи во Тијанџин во понеделник беа затворени, изјави денеска портпаролот на германската компанија за Ројтерс.
Според него, два пати неделава во двете фабрики биле извршени тестови на сите вработени на Ковид 19 и се чекаат резултатите.
– Се надеваме дека наскоро ќе продолжиме со производство и ќе го надоместиме изгубеното производство. Главен приоритет останува здравјето и благосостојбата на нашите вработени, рече тој.
Во Тијанџин, град во северна Кина на околу 100 километри од Пекинг, во средата се пријавени 41 случај на инфекција со Ковид, по 33 случаи еден ден претходно, покажуваат денешните податоци на Националната здравствена комисија.