275
Западните санкции против Москва доведоа до формирање на „новата голема осумка“, група на нации кои не воведоа санкции и ја надминуваат Г7 за 24,4 отсто во однос на паритетот на куповната моќ, истакна денеска преку Телеграм претседателот на руската Државна дума – Вјачеслав Володин.
„Потегот на Вашингтон и неговите сојузници да ги прекинат економските врски создаде нови точки на раст во светот“, рече Володин, цитиран од ТАСС.
Вјачеслав Володин рече дека „САД всушност формираа нова голема осумка“, во која заедно со Русија има земји кои не воведоа санкции кон Москва – Кина, Индија, Индонезија, Бразил, Мексико, Иран и Турција.