293
Претседателот на руската Државна Дума, Вјачеслав Володин изјави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски ја напуштил Украина и моментално се наоѓа во Полска.
– Зеленски ја напушти Украина. Пратениците на украинската Врховна Рада тврдат дека не можат да дојдат до него во Лавов и дека сега е во Полска, напиша Володин на Телеграм.
Володин, исто така, на 26 февруари рече дека Зеленски го напуштил Киев и дека е во Кавово. Тој тврди дека видеата што Зеленски ги објавил од Киев биле однапред снимени.