Санторини е еден од дијамантите на Грција .Белата и сината боја ја создаваат целокупната атмосфера на островот, кој е прекрасен.
Грејс Санторини е бутик хотел кој “слетал” високо и нуди неверојатен поглед кон најспектакуларните грчки зајдисонца.
Гостите на стилскиот ризорт можат да уживаат во прекрасна панорама и волшебни егејски зајдисонца, дури и додека пливаат во големиот инфинити базен, кој е на располагање.
Комплексот располага со две луксузни вили, кои се совршено место за меден месец. Луѓето кои престојуваат имаат можност да уживаат во целиот комфорт и услуга која ја нуди хотелот.
Плус во случајот е самостојниот одмор кој ќе можат да го поминат далеку од погледите на другите гости на хотелот. Шик вилтеи располагаат со мал самостоен спа центар, како и со плакари.
Големиѕе тераси, затскриено јадење, отворено огниште и фитнес зона исто така се меѓу задоволствата, на кои може да се радуваат гостите на вилите во Грејс Санторини. Во една вила можат да отседнат до четири лица и да се радуваат на медитативни сесии, како и приватни часови по јога.




