“Волстрит џурнал”: Хилари Клинтон ќе ја објави својата кандидатура за претседател во април

од Vladimir Zorba
95 прегледи
Поранешниот државен секретар на САД и поранешна прва дама Хилари Клинтон во април ќе објави  дека ќе учествува во борбата за претседателската номинација на американските демократи за изборите во 2016 година, пишува весникот “Волстрит џурнал”.
zx450y250_2484070
Клинтон и нејзините советници ги информирале донаторите на Демократската партија дека таа ќе се впушти во претседателската трка порано од очекуваното, најверојатно во април. Благодарение на тоа, таа ќе може наскоро да пристапи кон собирање средства за предизборен фонд, пишува весникот. Штабот на Клинтон треба  да собере над 1 милијарда долари за спроведување на кампањата, но ако таа се вклучи во неа во текот на летото, едвај ќе може да се доближи до  планираната сума. За изборите во 2012 година Барак Обама собра 716 милиони долари. За друг кандидат за демократската номинација се наведува потпретседателот Џо Бајден, но тој значително отстапува по популарност на 67-годишната Клинтон. Во републиканскиот камп најчестите кандидати за претседателската номинација се гувернерот на Флорида Џеб Буш, брат на поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот, гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи, сенаторите Ранд Пол, Тед Круз и Марко Рубио, гувернерот на државата Висконсин Скот Вокер, поранешниот гувернер на сојузната држава Арканзас Мај Хакаби и конгресменот Пол Рајан.