Волт Дизни го „паузира“ бизнисот во Русија

од Nikola Popovski
924 прегледи

Волт Дизни најави дека ќе го „паузира“ својот бизнис во Русија, со што ќе стане најновата мултинационална компанија која реагира на руската инвазија на Украина.

Според Ројтерс, операциите на компанијата ќе бидат суспендирани, вклучувајќи лиценцирање на содржините и производи, активностите на „Disney Cruise Line“, магазинот и турите на „National Geographic“, како и „продукцијата на локална содржина и линеарни канали“.

„Со оглед на немилосрдниот напад врз Украина и ескалацијата на хуманитарната криза, преземаме чекори за да го паузираме целиот бизнис во Русија“, се вели во соопштението на компанијата.

Компанијата претходно најави дека ќе го прекине прикажувањето на кино филмовите во Русија.

Други холивудски студија, како што се „Warner Bros.“ и „Sony Pictures Entertainment“, исто така презедоа слични чекори како одговор на руската инвазија на Украина.

Слични содржини