Шведската компанија Volvo во својот финансиски извештај наведе дека очекува раст на продажбата од седум до осум проценти во 2024 година, додека претходно предвидуваше значително поголем пораст од 12 до 15 проценти.
Пазарите на автомобили во Кина, Европа и САД се под зголемен притисок, што влијае на побарувачката, додаде Volvo.
Производителот на автомобили соопшти дека неговата продажба се зголемила за три отсто на 172.849 автомобили во третиот квартал од 2024 година.
Во наведениот период компанијата забележа нето добивка од околу 4,4 милијарди шведски круни, односно 386 милиони евра, што претставува зголемување во однос на 3,2 милијарди круни во третиот квартал од 2023 година.
Приходите за овогодишниот трет квартал изнесуваат 92,8 милијарди шведски круни, што е малку над 92 милијарди шведски круни во истиот квартал минатата година, пренесe Ројтерс.
Резултатите за третиот квартал од 2024 година ги надминаа очекувањата на експертите, но компанијата очекува значително послаб четврти квартал, што ќе влијае на целата продажба во 2024 година.