Вонбрачната ќерка на Шојгу има литванско државјанство: Поранешната љубовница ја тужи државата за да остане во ЕУ

од Nikola Popovski
116 прегледи

Јелена Каминскас, поранешната љубовница на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, поднела тужба за да остане во ЕУ, откако летово ја изгубила дозволата за престој во Литванија, пишува американскиот „Newsweek“.

Литванската национална радио и телевизија (ЛРТ) во неделата објави дека на Јелена Каминскас, родена Шебунова, и е одземена дозволата за престој бидејќи Министерството за државна безбедност на Литванија сметало дека нејзиното присуство во земјата е закана за националната безбедност поради нејзините врски со Русија.

Рускиот истражен весник „Инсајдер“ во 2019 година објави дека Каминскас, поранешна хостеса во руското Министерство за вонредни ситуации (МЕД), кое Шојгу го водеше 21 година, наводно има две деца со министерот за одбрана, син роден во 2001 година и ќерка родена во 2008 година.

Малолетното девојче има литванско државјанство, објави ЛРТ, повикувајќи се на релевантни документи. Девојчето наводно добило државјанство во 2019 година, по бракот на нејзината мајка со Адолфас Каминскас, литвански државјанин и бизнисмен, кој ја признал како негова ќерка.

Јелена Каминскас има уште две деца во бракот со Адолфас Каминскас, пренесува „Јутарњи лист“.

Дозвола за привремен престој

Литванската радио и телевизија откри дека Јелена Каминскас добила дозвола за привремен престој во 2017 година. Таа го загуби летово, откако таа и нејзиниот сопруг се преселиле во Русија. Адолфас Каминскас пролетта доби руски пасош, со што стана руски државјанин.

Јелена Каминскас на крајот на август ја обжали одлуката на Државниот оддел за миграција да и ја одземе дозволата за престој во Литванија. Рочиштето за овој случај допрва треба да се закаже.

Олга Лаутман од Центарот за анализа на европската политика (ЦЕПА) вели дека е „надреално“ што ќерката на Шојгу има литванско државјанство.

„Ќерката на рускиот министер за одбрана, воениот злосторник Шојгу, има литванско државјанство“, напиша таа на Твитер, споделувајќи ја статијата на „Инсајдер“.

Слични содржини