Вонреден инспекциски надзор од ДИЖС во РЕК Осломеј

од Radmila Tasevska
170 прегледи

Денеска е направен вонреден инспекциски надзор на лице место од страна на Државниот инспекторат за животна средина по добиена информација за пожар во РЕК Осломеј.

Инспекторатот бил повикан од граѓаните откако синоќа изби пожар откако се запали јаглен во просторијата кај турбините во термоелектраната и се почувствува зголемено загадување на воздухот во околината на Кичево.

„При надзорот се состави Записник за констатација при што се констатира дека во РЕК Осломеј термоелектраната, настанат е пожар на 24.12 околу 20:15 часот, истиот е локализиран (според изјава на директорот на Термоелектраната) околу 21:15 часот.

Причина за настаниот пожар е поголемета количина на шљака која била собрана во печката и при излез во одшљакивачот била прелеана до местото каде се наоѓа јагленот при што е дојдено до појава на опожарување на истиот и пожар.

Поради безбедносни причини Блокот бил веднаш исклучен“, информира ДИЖС.

Блокот ќе се рестартира откако ќе се направи детална проверка на настаната штета и откако ќе се санираат настанатите оштетувања кои веројатно ќе потраат неколку денови.

Слични содржини