219
На 21 ноември Јужна Африка ќе одржи вонреден состанок на БРИКС, кој ќе биде посветен на ситуацијата на Блискиот Исток, се наведува во соопштението од кабинетот на јужноафриканскиот лидер, пренесува РИА.
„Претседателот Сирил Рамафоса, како претседавач со групата земји БРИКС, утре ќе одржи вонреден заеднички состанок за ситуацијата на Блискиот Исток во Газа на 21 ноември“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на владата на Јужна Африка.
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг досега го потврдија учеството на вонредната средба што ќе се одржи онлајн, а на која ќе се разговара за палестинско-израелскиот конфликт.