189
По детонацијата на муниција во магацинот во Џанкој на северот на Крим, воведен е режим за вонредни состојби од регионален карактер, изјави денеска лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов.
„Ние сме во вонредна состојба“, изјави Аксјонов пред новинарите, пренесе РИА Новости.
Повеќе од 3.000 луѓе се евакуирани од две населени места во зоната на детонација на муниција.