Вонредна состојба во Еквадор: Вооружените сили излегуваат на улица поради атентатот на претседателскиот кандидат

од Nikola Popovski
237 прегледи

Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо денеска прогласил вонредна состојба во земјата по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио.

Вонредната состојба ќе трае 60 дена, а вооружените сили ќе бидат мобилизирани низ целата земја, објави весникот „Ел Универзо“. Ласо потпишал и уредба за прогласување на тридневна национална жалост.

Изборите закажани за 20 август нема да бидат откажани. Еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио беше убиен претходно денеска на предизборен митинг во Кито.

Напаѓачот бил неутрализиран по размена на оган со полицијата која го обезбедувала собирот, а уште шестмина осомничени се приведени по полициска рација, соопштило тамошното Државно обвинителство.

Вилависенсио бил еден од најжестоките критичари на поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа и му беше одредена казна од 18 месеци затвор за клевета.

Подоцна доби политички азил во Перу. Тој исто така беше независен новинар кој ја истражуваше корупцијата во претходните влади на Еквадор, по што влезе во политиката како борец против корупцијата.

Во својот последен говор, пред да биде убиен, Вилависенсио им вети на граѓаните дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ги затвори „крадците“ во земјата.

Според анкетите на јавното мислење, Вилависенсио имал поддршка од 7,5 отсто од гласачите и бил петти најпопуларен меѓу претседателските кандидати.

Слични содржини