Во Холандија најавени се големи врнежи од снег и ветер за утре, поради што властите издадоа црвен метеоролошки аларм за целата земја, прв од ваков вид во последните девет години.
Сите центри за тестирање на коронавируси ќе бидат затворени, соопштија здравствените власти.
Сообраќајот ќе биде сведен на минимум.
Аеродромот Шипол предупреди дека може да има одложувања на летовите. Големите супермаркети ја откажаа испораката на храна.
Сите професионални фудбалски натпревари закажани за утре исто така се откажани, а градскиот совет во Амстердам донесе одлука да ги затвори сите канали за да може да се користат за лизгање во текот на неделата.
Во Холандија веќе се во сила мерките за „локдаун“ поради вирусот корона, во чии рамки продавници, ресторани, барови и други јавни места не работат со недели.