Вонредна состојба во Мајами Бич, пролетниот распуст предизвика хаос

од Stefanija Kuzmanovska
399 прегледи

Вонредна состојба е прогласена во Мајами Бич, САД, поради загриженост дека големата гужва која се создава за пролетниот распуст претставува ризик од ширење на коронавирусот. Градоначалникот Ден Гелбер рече дека илјадници туристи донеле „хаос и неред“ во градот.

Областа на Мајами Бич за време на викендот беше преполна со млади луѓе, од кои многумина не носеа маски ниту држеа дистанца.

Градскиот службеник Раул Агила изјави дека Саут Бич, каде се наоѓа светски познатиот Оушн Драјв, во саботата бил преплавен од толку многу гужва што „не можеше да се види тротоарот или тревата“.

Во неделата, полицијата од Мајами Бич за Си-Ен-Ен изјави дека уапсиле најмалку десетина лица откако стапи на сила полицискиот час.

Најавен е полициски час од 20:00 до 06:00 часот, а тој ќе остане на сила најмалку до 12 април. Исто така, продавниците во прометната област Јужна плажа мора да бидат затворени.

Пролетниот распуст, кој обично се одржува во март и април, е празничен период за училиштата и универзитетите во САД. Привлекува илјадници студенти на Флорида и други дестинации каде што времето е топло.

Слични содржини