Вонредна состојба во Пекинг поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Во Пекинг е прогласена вонредна состојба поради нагло зголемување на бројот на случаи со коронавирус.

Улиците се испразнија откако Комунистичката партија на Кина објави дека е прогласена вонредна состојба во сите области во главниот град, откако во саботата беа регистрирани шест нови случаи на инфекција со коронавирус во Пекинг, пренесува Анадолија.

По одлуката за прогласување вонредна состојба, влезовите и излезите кон сите населби каде што е регистриран вирусот беа затворени. Исто така, зголемен е бројот на инспекции и контроли на сите локации со голем број посетители.

Во Пекинг е прогласена вонредна состојба по наглото зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус во областа Шуњи, лоцирана на северо-истокот на главниот град, во близина на меѓународниот аеродром во Пекинг.

Планирано е да се тестираат околу 800.000 луѓе во 92 лаборатории во округот Шуњи.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи може да се забележат долги редици на луѓе во центрите за тестирање.

Властите во Пекинг прогласија вонредна состојба за заострување на мерките против КОВИД-19 и е одлучено да се откажат прославите, патувањата надвор од градот и колективните новогодишни забави, како и верските настани во градот.

Градските власти најавија дека студентите не треба да го напуштаат Пекинг во наредниот период.

Слични содржини