
Словенечката нуклеарна централа Кршко автоматски престана со работа како резултат на проблеми со дотурање на вода, соопшти операторот на централата и исклучи секоја опасност од истекување на радијација.
“Постапката за исклучување беше активирана поради аномалии во регулирањето на системот за доставување на вода”, соопштија од нуклеарката Кршко.
Инцидентот се случи три месеци по затворањето на централата за редовен ремонт. АЕЦ е на 25 км. од Загреб, забележува AFP. 700-мегаватниот реактор “Вестигнгхаус” во нуклеарката Кршко е изграден во времето на поранешна Југославија и влегува во употреба во 1983 година.
По распадот на Југославија нуклеарката Кршко е под заедничко раководство на Словенија и Хрватска. Нуклеарната централа обезбедува околу 20 отсто од електричната енергија во Словенија и 15 отсто од оние во Хрватска. Првично централата требаше да биде затворена во 2023 година, но пред 2 години Љубљана и Загреб одлучија да го продолжат рокот на експлоатација за уште 20 години.