Белгиската армија веќе пет дена безуспешно трага по белгиски војник, кој му се закануваше на главниот државен вируолог и бројни државни институции. Четири противтенковски ракетни фрлачи и муниција биле откриени во возилото што го користел бегалецот.
Според белгиските медиуми, 46-годишниот војник Јирген Конингс исчезнал во понеделникот од неговиот дом во општина Дилсен-Стокем на границата со Холандија.
Властите веруваат дека тој е вооружен и предупредуваат дека може да загрози голем број институции и поединци, вклучувајќи го и главниот државен вирусолог.
Белгиската армија изврши претрес во 10 станови во кои живеат луѓе кои се сметаат за блиски до осомничениот, се вели во изјавата на јавниот обвинител.
Јавноста е предупредена да не пристапува кон човекот, кој се наоѓа на државната листа на терористи.
Belgium is looking for an armed far-right soldier who threatened to kill the country's star virologist, Jurgen Conings, seized heavy weapons and ammunition and has been missing since Monday, after leaving a farewell letter promising not to surrender without resistance. pic.twitter.com/tLuf7eYMkP
— Moises Lopez (@chapoisat) May 19, 2021
Германската и холандската полиција се вклучени во потрагата, што е во тек во областа Лимбург на границата со Холандија, објави телевизиската компанија ВРТ.
Судија специјализиран за терористички прашања е назначен во случај на обид за убиство и кршење на законот за поседување оружје поврзано со тероризам.
Јирген Конингс преку социјалните мрежи му се закани на главниот државен вируолог Марк Ван Рамст, кој беше критикуван во јавноста за ригорозните мерки за карантин.
Конингс исто така изрази негативни ставови против карантинските и антипандемиските мерки.
Тој изјави дека не може да живее во општество во кое луѓето се лишени од сè поради полицијата и вирусолозите. Во исто време, Конинг се заканувал на други луѓе и државни институции.
Тој служел војска во белгиската армија, во Босна, Косово, Либан, Ирак и Авганистан, пренесуваат медиумите.