223
Синоќа, вооружен маж уби две и рани четири лица во областа Далас-Форт Ворт во Тексас, од кои тројца полицајци.По нападот напаѓачот и си го одзеде животот, соопшти полицијата на Тексас.
Портпаролот на полицијата во Халт Сити, Мет Спилен, потврди дека сите ранети во престрелката се здобиле со повреди кои не се опасни по живот и се очекува успешно закрепнување, пренесува АП.