Вооружен напад на затвор во Мексико: Најмалку 14 мртви, десетици избегаа

од Vladimir Zorba
130 прегледи

Најмалку 14 лица загинаа во вооружен напад на затвор во градот Сиудад Хуарез во северно Мексико. Десетици избегаа.

Државниот обвинител објави дека меѓу загинатите во затворот во Сиудад Хуарез има 10 чувари и четворица затвореници, додека 13 затвореници се повредени, а најмалку 24 избегале, пренесeа Ројтерс.

Засега не се знае кој го извршил нападот, а Би-би-си наведува дека постои сомневање дека напаѓачите припаѓаат на еден од нарко картелите.

Обвинителот рече дека првичните информации укажуваат дека напаѓачите со оклопни возила пристигнале во затворот околу 7 часот по локално време и отвориле оган.

Ројтерс јавува дека пред нападот на затворот бил пријавен и напад врз полицијата, при што биле уапсени четири лица.

Подоцна, во друг дел на градот, во вооружен напад загинаа уште двајца возачи.

Обвинителот сепак не прецизираше дали овие три инциденти се поврзани.

Армијата и Националната гарда беа повикани да им помогнат на локалните власти.

Во Сиудад Хуарез, ривалските нарко-картели се судираат со години, во кои илјадници луѓе загинаа во последните 10 години.

Во август минатата година во овој затвор имаше бунт во кој загинаа 11 лица, главно цивили.

После тоа, стотици мексикански војници беа испратени во Хуарез, а војската и националната гарда и сега се повикани да им помогнат на локалните власти.

Слични содржини