Восхитувачките карпести формации Манпупунер

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Под името Манпупунер се кријат седум гигантски камени формации на рамно ниво, западно од планината Урал во Република Коми (автономна република во Русија).58560262a2d05b78e49e9be3ef664274

Пред околу 200 милиони години оваа област била висока планина. Природните влијанија како дожд, снег, ветер, студ и топлина постепено ја уништиле планината.

Останале само седум камени формации, од кои едната е лоцирана малку подалеку и наликува на огромно шише свртено со отворот надолу.

Останатите објекти се наредени по должината на работ на карпата. Најчудните нивни форми ја потпалуваат човечката имагинација и луѓето го споредуваат Манпупунер со човечки фигури, глави на коњи или пак на овци.Секој камен монолит е висок меѓу 30 и 42 метри.

Објектите се нарекуваат уште “Седумте гиганти” или “Седумте силни мажи”.Според локалната легенда камените столбови некогаш биле придружба на гиганти кои преминувале пеш низ Сибир, за да ги уништат луѓето манси.

Фото: dostoyanie-pokoleniy.ru

Патот сепак им го попречува Шаман со бело лице, кој ги претворил сите во камења. Манпупунер е едно од природните чуда на Русија и многу популарна атракција. Сепак местото не е особено познато во странство, како и е релативно недопрено од туризмот, заради својата оддалеченост.

Во нашата галерија може да најдете повеќе фотографиии за восхит на овие карпести формации Манпупунер во Република Коми.