„Воспитуваме генерација мекуши“: Шварценегер ги запалил чевлите на ќерка си и ја фрлил постелнината на синот низ прозорец

од Nikola Popovski
247 прегледи

Познатиот актер повеќепати јавно зборувал за своето строго воспитување, а неговите изјави повторно го привлекуваат вниманието на јавноста.

Арнолд Шварценегер има пет деца, а неговите методи на воспитување биле многупати дискутирани во јавноста.

Имено, актерот смета дека децата треба строго да се воспитуваат уште од мали нозе, па еднаш како казна и ги запалил чевлите на ќерка си, додека постелнината на синот ја фрлал низ прозорецот во базенот затоа што не го наместил креветот.

„Младите треба да страдаат, да се борат и да поминуваат низ болка, мизерија и непријатности за да успеат во животот и да станат силни. Сите вие ​​што се заштитувате од лошото во животот и бегате кон комфорт- готови сте. Никогаш нема да стигнете целта, мора да се борите“, рекол тој за време на гостувањето во подкастот на Хауард Стерн, пишува „People“.

Според него, младите денес се премногу „меки“ за животот што ги очекува.

„Ние воспитуваме генерација на мекуши“, рекол актерот и продолжил:

„Да престанеме да создаваме генерација на слаби луѓе. Младите треба да бидат принудени да се борат, да спортуваат и да учат, а тоа значи дека треба да поминат низ болни моменти“.

Да потсетиме, неговиот автобиографски филм неодамна беше објавен на Нетфликс, во кој тој зборуваше за аферата со куќната помошничка, која подоцна доведе до крај на неговиот брак со сопругата Марија.

Слични содржини