Кинески Voyah, кој е дел од Dongfeng, ја подготвува премиерата на новиот седан Chasing Light за крајот на ноември и саемот за автомобили во Гуангжу.
Voyah Chasing Light е третиот модел на марката, што значи дека новата лимузина ќе се придружи на кросоверот Free и миниван Dreamer и ќе има хибридни и електрични верзии.
Должината на седанот е 5088 mm, ширината 1970 mm, висината 1505 mm, додека меѓуоскиното растојание е 3000 mm. Треба да се каже и дека електричната верзија има тркала од 20 инчи.
За внатрешноста се најавени три дисплеи низ целата ширина на предниот панел.
Автомобилот има погон на четири тркала; едниот електромотор е поставен на предната оска и има 218 КС, а оној на задната 292 КС. Максималната брзина е 210 km/h.
Засега нема информации за батерии или автономија.