Воз удри во патничко возило кај кочанското село Горни Подлог

397 прегледи

Патнички воз кој превезувал на релација Скопје-Кочани, околу 19 часот вечерва удрил во патничко возило кај железничкиот премин во с.Горни Подлог.

Имено, според првичните информации нема повредени, а забележани се само материјални штети.

Ова е необезбедно место кај пругата, бидејќи нема светлосен или звучен сигнал и има само еден сообраќаен знак.

Екипи на МВР вршат увид на местото на настанот, а два часа беше во прекин овој патен правец.

Инаку, за потсетување, ова е втора незгода за краток период на истиот железнички премин, откако пред неколку месеци воз удри во автомобил. Пред пет дена, патничкиот воз за Кочани излета од шините кај Овче Поле, но за среќа немаше повредени.

Слични содржини